УЖАС ВО БЕЛГРАД: Ученик со нож бркал други деца
Уште еден случај на насилство во училиште во Србија.
Во вторникот, осумгодишник кој оди во основно училиште во Калуѓерица, бркал две момчиња, заканувајќи им се со сечило од 20 центиметри, поради што родителите на сите ученици донеле одлука да не ги праќаат децата на настава.
Едно од децата успеало да го сними овој настан. Српски Курир дошол до страшна снимка на која се гледа како момче со качулка на главата набрзина оди кон децата со нож покрај ногата.
„Што сум ти направил јас?!“, се слуша паничен глас на детето кое снима. Веднаш потоа уште повознемирено му довикува на другарот: „Бегај, има нож, бегај!“.
Според сцените кои брзо се вртат очигледно е дека момчињата трчаат, обидувајќи се да избегаат.
Како што пренесуваат српските медиуми, еден од родителите на учениците од училиштето случајно се нашол во училишниот двор и го запрел момчето со ножот, по што била повикана полиција.
Лани во мај се случи масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде ученик уби девет луѓе.