
УЖАС: Лекари во психијатриска установа малтретирале и врзувале дете со аутизам – Меџити вели било по протокол!
На социјалните мрежи вирално се споделува потресно сведоштво, во кое се обвинува Психијатриска установа дека дете со аутизам го малтретирале и врзувале.
– После месец дена, мојот син денес го зедовме од психијатриска болница, така ни кажаа викендов. Јас не можам да верувам каде живееме, зарем нашето дете е ѕвер? Да, агресивен стана овие две години и затоа побаравме здравствена помош, но во 21 век да го врзувате … ? Дали така се заколнавте кога полагавте дека ќе бидете хумани? Ова дете е 17 годишно … Душата ме боли, се прашувам дали ние како родители погрешивме што побаравме помош?! Зошто нема соодветна институција за нашите деца? Вака не се смирува дете, ова е насилство! Барам одговорност за овие рани од што бил врзуван!, пишува шокираната мајка.
Сепак, според министерот за здравство Фатмир Меџити, ова дете било лекувано според сите протоколи.
„Детето со аутизам било лекувано според сите протоколи што ги даваат експертите по психијатрија“, порача тој.
