
УЖАС: Дете удрило со топка во повозрасна жена од Скопје – таа го истепала по глава со метална шипка!
На 12.04.2025 година во 22.00 часот во СВР Скопје, С.Б.(30) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 17.30 часот во двор од куќа на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот малолетен син додека играл фудбал со другарчиња, удрил со топка повозрасна жена, која потоа физички го нападнала со метална шипка, нанесувајќи му повреда на главата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
