
УЖАС: Бугарски навивач прободен со нож во Чаир
Вечерва се игра натпреварот меѓу Шкупи и Левски, а голем инцидент се случи околу 19 часот.
Имено, два автомобили со бугарски навивачи ја напуштиле безбедносната зона по која се движеле сите автомобили и влегле во Чаир каде биле нападнати од локалното население.
Од Министерството за внатрешни работи за 4news.mk ја потврдуваат информацијата дека еден од навивачите во автомобилите бил прободен со нож.
„На 27.07.2023 во 18.38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ физички биле нападнати Д.А. (29), Д.Ј.(28), Ф.Д.(31) и М.С.(30), сите од Република Бугарија, при што бил употребен и остар предмет, со кој бил повреден Д.А.. Тој бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, но според пријавеното од болницата, лицето е во стабилна состојба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за 4news.mk.
