Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УВОЗОТ НА СТРУЈА СПАДНА НА 20 ПРОЦЕНТИ – Но и домашно произведената струја е добиена од увозен јаглен
Економија

УВОЗОТ НА СТРУЈА СПАДНА НА 20 ПРОЦЕНТИ – Но и домашно произведената струја е добиена од увозен јаглен

08/05/2023

AA

Дали енергетската криза ќе биде доволно силна причина да ги промени состојбите во енергетскиот сектор во Македонија? Но, и дали високите цени на струјата ќе бидат причина за намалување на увозот на енергија и за зголемување на домашното производство? Или, сепак промените кои настанаа минатата година ќе бидат краткорочни, па ќе се вратиме на „старите“ навиките на раст на увозот на електрична енергија штом спласнат високите цени.

Минататаа година увозот на електрична енергија изнесувал малку над 20 проценти, при што е забележан пад од 13 проценти на увозот на енергија во споредба со 2021 година. Ова го откриват податоците од Годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика.

Македонија со години веќе важи за увозно зависна земја во однос на потребите од електрична енергија. Увозот на електрична енергија во изминатите години се движеше од 20 проценти до 30 отсто од вкупната бруто-потрошувачка на електрична енергија и директно зависи од домашното производство на електрична енергија.

– Во 2022 година нето-увозот на електрична енергија изнесува 20,70 отсто, додека во 2021 година истиот изнесуваше 33,15 проценти од вкупната бруто-потрошувачка. Ваквото намалување на нето увозот на електрична енергија се должи пред сè на намалената потрошувачка на електрична енергија и зголеменото производство. Сепак треба да се има предвид дека целокупните потреби од мазут за ТЕЦ „Неготино“ доаѓаат од увоз и дел од потребите за термоелектроцентралите се обезбедуваат со увоз на јаглен. Вкупниот номиниран увоз на електрична енергија во 2022 година изнесува 2.209 гигаватчаса и е понизок за 24,86 проценти во однос на увозот во 2021 година – се нагласува во извештајот на РКЕ.

Регулаторите потенцирале дека споменатите количества на електрична енергија не се целосно искористени за потребите на потрошувачите во Македонија. Вкупното домашно производство на енергија не е целосно искористено за потребите на потрошувачите, туку дел од него преку трговците е извезено од македонскиот електроенергетски систем.

Извозот на електрична енергија произведена во нашата земја во 2022 година, изнесува 523 гигаватчаса што е зголемување од 45,7 отсто во споредба со 2021 година кога извозот изнесувал 359 гигаватчаса. Оттука произлегува дека вкупниот извоз на електрична енергија во 2022 година изнесува 624 гигаватчаса, што е зголемување од 34,95 проценти во однос на 2021 година, односно намалување од 38,36 отсто во однос на 2020 година – се појаснува во извештајот на РКЕ.

Регулаторите појаснуваат дека увозната зависност на нашата земја се одредува врз база на односот помеѓу домашното производството на електрична енергија и брутопотрошувачката на електрична енергија, во која се зема предвид потрошувачката на електрична енергија на крајните потрошувачи, вклучувајќи ја и електричната енергија потребна за покривање на загубите на електрична енергија во електропреносната мрежа и во електродистрибутивните мрежи.

Петранка Огнаноска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy