
Јувентус го сака Санчо во јануари, ама уште нема конкретна понуда
Англискиот репрезентативец се наоѓа во немилост на Ерик Тен Хаг уште од почетокот на септември од кога не се наоѓа во составот на Манчестер Јунајтед и тоа е тежок удар по неговата кариера. Сезонава Санчо настапи на само три натпревари, вкупно 76 минути, а последниот меч му беше против Нотингем Форест на 26 август. Како последица на сето ова, вредноста на Санчо падна на 32 милиони евра што е далеку од оние 85 милиони кога Јунајтед ги плати за него.
Во Јувентус сметаат дека евентуалниот трансфер на Санчо би бил одлична работа за пролетниот дел од сезоната, но од клубот се уште нема конкретна понуда за младиот Англичанец.
