
Јувентус ја совлада Рома и продолжи да му „дише во врат“ на Интер (ВИДЕО)
Јувентус беше подобар противник во првото полувреме и испрати дури девет удари кон голот на Рома, меѓутоа мрежата на гостите остана недопрена.
Адриен Рабио во втората минута од вториот дел конечно го матира Руи Патрисио и им донесе на домаќините водство од 1-0, по што Рома почна да го диктира темпото и да напаѓа, но не успеа да избегне пораз.
🚨 Rabiot goal: Juventus 1 Roma 0 #JuveRoma pic.twitter.com/GfzjfkRGwf
— Christian2002 (@Christian126829) December 30, 2023
Јувентус има 43 бода на второто место, односно два помалку од лидерот Интер, додека Рома е седма со 28 бодови.
