
Јуве и дефинивно го отпиша Бонучи – не го пријави за новата сезона!
Иако Бонучи сакаше да остане, иако не е во плановите на Масимилијано Алегри, оваа одлука да не биде пријавен за новата сезона, сега само ќе го забрзаат трансферот, а италијанскиот репрезентативец веќе има на маса две понуди, една од римски Лацио, а втората од германски Унион Берлин.
Тој со Јувентус имаше договор до крајот на оваа сезона, а дел од „старата дама“ е од 2010 година кога дојде од Бари за 15,5 милиони евра. Во повеќе од деценија како дел од Јувентус, имаше само една кратка епизода со една сезона во Милан во 2017/18, по што се врати во Торино.