Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Утрово, ново убиство: Со 40 убоди усмртил жена во Кочани
Магазин

Утрово, ново убиство: Со 40 убоди усмртил жена во Кочани

25/09/2023

AA

Рано утрово во Кочани, по претходна меѓусебна расправија, средовечен маж физички нападнал 46-годишна жена, при што ѝ нанел смртни убоди од кои таа починала.

Убиството се случило пред куќата во која живеела жената, во моментот додека се подготвувала да оди на работа, а настанот го потврдија од СВР – Штип и од Општата болница во Кочани.

Утрово околу 6:15 часот на улицата „Страшо Ербапче“ во Кочани, 59-годишниот У.Р. ја нападнал 46-годишната Т.М. при што со нож ѝ нанел повеќе убодни рани на телото, по што таа починала. Медицинската екипа што беше повикана, констатирала над 40 убодни рани од кои жената починала на лице место, истакна Душанка Горгиева – Трпевски, директорка на Општата болница со проширена дејност.

Според првичните сознанија, причина за нападот е изнуда на пари и закана со компромитирачки снимки што напаѓачот се заканувал дека ќе ги објави јавно. Заканите биле неколкупати биле пријавувани во полицијата и во јавното обвинителство во Кочани од каде жената барала заштита.

Увид во настанот извршиле екипа на ОВР – Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на починатата е дадено на обдукција. Напаѓачот е приведен, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Петрушевски до Заев: Немам намера да се извинам, ти и

08/02/2026
Македонија

БЕГСТВОТО НА КИДНАПЕРИТЕ НА КАЈМАКОСКИ БИЛО КАКО НА ФИЛМ Српската

08/02/2026
Македонија

ЗАПОЧНУВА ПОСТАПКА ЗА КОНФИСКАЦИЈА НА ДИВИОТ РЕСТОРАН НА СТЕНКОВЕЦ Институциите

08/02/2026
Македонија

Се огласи српската полиција по киднапирањето на Кајмакоски – се

08/02/2026
Македонија

Приведени две лица од Блаце поради превоз на огревни дрва

08/02/2026
Македонија

Шуга во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ – заразени двајца професионални војници

08/02/2026
Македонија

ПРИЗНАЛ ДЕКА ЌАРИЛ 15.000 ЕВРА СО ТЕЛЕФОНСКИ ИЗМАМИ Лажен лекар

08/02/2026
Македонија

Приведен струмичанец поради измами со лажни лекари и сообраќајки, кај

08/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41201
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Петрушевски до Заев: Немам намера да се извинам, ти и должиш извинување на јавноста!

08/02/2026

По најавата на поранешниот премиер Зоран Заев дека ќе поднесе тужба за клевета доколку ВМРО-ДПМНЕ не му се извини, пратеникот

БЕГСТВОТО НА КИДНАПЕРИТЕ НА КАЈМАКОСКИ БИЛО КАКО НА ФИЛМ Српската полиција ги ловела со термокамери

08/02/2026

Немал поим што му се случува, а неколку часа подоцна преживеал траума што ретко се гледа и во криминалните хроники.

ЗАПОЧНУВА ПОСТАПКА ЗА КОНФИСКАЦИЈА НА ДИВИОТ РЕСТОРАН НА СТЕНКОВЕЦ Институциите ќе побараат и пренамена во

08/02/2026

Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец, најави министерот за транспорт и вицепремиер

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy