
Утрово најстудено во Берово, измерено -13 степени
Утрово најстудено е во Берово каде се измерени -13 степени.
По него следува и -10 степени во Маврови Анови, Крива Паланка, Битола, -9 степени во Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија, Попова Шапка, -8 степени во Тетово, Прилеп, Струмица, -7 степени во Крушево, Виница, -6 во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, -5 во Гевгелија, Куманово, -2 во Дојран.
Снежната покривка изнесува 50 см во Попова Шапка, 18 см во Маврови Анови, 3 во Крушево, 2 во Ѓуриште.
Времето денеска сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.