
Утрово најстудено во Берово и Лазарополе, измерени 2 степени!
Утринава најстудено е во Берово, Лазарополе каде се измерени 2 степени.
5 степени се измерени во Маврови Анови и Битола, 6 степени во Крива Паланка, 7 степени во Струмица, Крушево, Прилеп, Тетово, Скопје-Петровец, 8 степени во Демир Капија, Штип, Претор, 9 во Охрид, Куманово, Кавадарци.
Нешто потопло, или 10 степени во Виница, Скопје-Зајчев Рид, Велес, 14 степени се измерени во Гевгелија, 16 во Дојран.
Во текот на ноќта беше ведро, а утрово е сончево со слаб ветер од променлив правец и со мала до умерена облачност во крајните југоисточни делови.
Денеска сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.
Во Скопје сончево со слаб ветер од променлив правец, Максималната температура ќе достигне 27 степени.
