
Утрово најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка
Најниска утринска температура денес е измерена на Попова Шапка – 3 степени, а во изминатите 24 часа најголеми врнежи од дожд има во Крива Паланка, каде наврнале 17 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
До 8:30 часот температурата изнесувала 5 степени во Лазарополе, 8 во Крушево и Маврови Анови, 9 во Охрид и Берово, 10 во Крива Паланка и Претор, 11 во Виница и Прилеп, 12 во Скопје – Зајчев Рид, Битола, Куманово, Тетово и Штип, 13 во Скопје – Петровец, Струмица, Велес, Кавадарци и Демир Капија, додека најтопло било во Гевгелија со 14 степени.
Во истиот период наврнале 15 литри дожд на метар квадратен во Претор, 12 во Скопје – Петровец, 10 во Куманово, 9 на Попова Шапка, 8 во Тетово, 7 во Виница, 5 во Берово, 4 во Битола и Гевгелија, 3 во Скопје – Зајчев Рид, а по еден литар во Велес, Охрид, Крушево и Струмица.
Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе се движи меѓу 16 и 22 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе достигне до 22 степени.

