
Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -13 степени
Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -13 степени.
По Шапка следува и -10 во Крушево и Маврови Анови, -7 во Берово, Битола, Претор, -6 во Тетово,-5 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Прилеп, Охрид, -4 во Струмица, Штип, Виница, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Демир Капија, -2 во Велес, Кавадарци и 0 степени во Гевгелија.
Времето денеска претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.
Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.