
Утро е, а веќе е 25 степени – ова се температурите низ Македонија измерени во 08.30 часот
15 Лазарополе, 16 Маврови Анови, 17 Берово, Попова Шапка, 18 Крива Паланка, 19 Битола, 20 Тетово, Охрид, Претор, Прилеп, Струмица, Крушево, 21 Демир Капија, Велес, Виница, Гевгелија, 22 Скопје-Петровец, Куманово, Штип, Кавадарци, Дојран, 23 Скопје-Зајчев Рид.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Ведро во текот на ноќта, утрово е сончево со слаб променлив ветер.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 40 степени. UV=10
Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 38 степени.