
УТРЕ „ЖЕЖОК“ СОСТАНОК ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ – колку повисокиот данок ќе ги поскапи моторните возила ќе се дебатира со увозниците
Утре и во вторник ќе има појасни информации за тоа како ќе се пресметува данокот на моторни возила, и колку тоа ќе влијае врз нивната цена.
Според информациите, во игра биле неколку педлози, а утре во просториите на Министерството за финансии треба да седнат на заедничка маса претставници на сите комори од делот на увозниците на автомобили, додек, пак, одлуката во вторник ќе се најде на седница на Владата.
Всушност, станува збор за измена и дополнување на уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила. Ова, пак, произлегло од проект со Светската банка за унапредување на оданочувањето на моторните возила, за што Министерството за финансии и Царинската управа изготвиле Уредба, која веќе ја гледале и некои од засегнатите страни.
Дел од медиумите јавуваат и дека ако досега за возило до 10.000 евра не се плаќаше данок, сега тој ќе изнесува еден отсто, а двојно ќе се зголеми давачката и за оние возила кои повеќе загадуваат.
Новата метода која ќе се користи, WLTP, ја има од 2017 година, и ја мери потрошувачката на гориво, но и тоа какви издувни гасови испушта автомобилот.