
Утре во функција ќе биде шестоседната жичара на Попова Шапка!
Утре, во недела, на Ски центарот „Попова Шапка“ се очекува ведро и сончево време, што ќе овозможи идеални услови за панорамска прошетка и престој во природа.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во планинските пејзажи и чистиот воздух, а во функција ќе биде и шестоседната жичара, која ќе работи во периодот од 10 до 15 часот.
Од Ски центарот ги повикуваат граѓаните да ја искористат убавата временска прогноза за рекреација и одмор на Шара.

