
Утре во 17 часот средба Мицкоски-Таравари
Утре по завршување на работното време, ќе се сретнат Христијан Мицкоски и Арбен Таравари, дознава 4NEWS.mk. Средбата ќе започне во 17 часот. Денеска Мицкоски рече дека утре ќе го праша Таравари дали има соработка со ДУИ.
„Дали е точно дека има договор помеѓу партијата на господинот Арбен Таравари и Демократската унија за интеграција дека во најмалку пет или шест општини, да не ги шпекулираме имињата, каде што тој ќе извади кандидати – Демократската унија за интеграција нема да извади свои кандидати за градоначалници, што прво значи себепонижување како политичка партија, а второ дека тивко ќе го поддржува. Тоа е за мене неприфатливо како претседател на Влада“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Претходно, останатити партии коалицијата „Вреди“ одлучија да се спојат во единствен политички субјект, без Алијанса на Таравари во него. Неодамна лидерот на БЕСА, Биљал Касами истакна дека Албанците во Македонија се консолидираат во две политички сили – ВРЕДИ и ДУИ и според него, секој што ќе ја напушти ВРЕДИ, си заминува со намера да и се приклучи на ДУИ.