Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Утре Судскиот совет ќе расправа за утврдување на одговорност во случајот Телеком
Македонија

Утре Судскиот совет ќе расправа за утврдување на одговорност во случајот Телеком

08/01/2025

AA

Државната комисија за спречување на корупцијата од Судскиот совет побарала списи од предметот поврзан со случајот Телеком кој се водеше пред Апелацискиот суд. Во одговорот на прашањето на МКД.мк од Судскиот совет потврдуваат дека на ДКСК ги доставиле само оние списи кои можеше да ги даде согласно Законот за Судскиот совет на РСМ. Воедно за случајот е известено и надлежното Јавно обвинителство, се вели во одговорот на Судски совет.

Се работи за предметот во кој Телеком треба да исплати оштета од четири милиони евра на фирма од Штип, а за овој предмет Основното јавно обвинителство (ОЈО) почна предистражна постапка. ОЈО ја започна постапката откако министерот за транспорт и врски Александар Николоски го испрати предметот за натамошно разгледување бидејќи државата има дел од сопственоста на Телеком.

„Предметот е заведен во републичкото обвинителство по допис Министерството за транспорт и врски. Дополнителo е прибавен од Судскиот совет извештај бидејќи имало претставка. Предметот е во фаза во која е донесена мерка со која е спречено да настанат штетни последици додека се утврдат моментални штетни последици. До таму е предметот“, изјави за време на брифингот за новинарите Гаврил Бубевски, шеф на скопското обвинителство.

Апелацискиот суд донесе пресуда во корист на фирмата Фокуснет од Штип. Но, откако Судскиот совет ја разгледа оваа пресуда, заклучи дека има низа прекршувања и недоследности, дека имало два записника во Апелација од кој едниот бил лажен. За утре е закажана седница на Судскиот совет на која ќе се разгледува одговорност на судијката на Апелацискиот суд Скопје од случајот Телеком. OJO отвори предмет и се води предистражна постапка за можните неправилности при донесувањето на пресудата на три судијки од Апелацискиот суд.

Се работи за спор стар 20 години покренат од интернет провајдерот Фокуснет против Телеком.

Во целиот случај се вмешува и ДКСК. За истиот предмет по претставка за судијката известител расправаше и Републичкиот судски совет, по што беше усвоен извештај во кој беа констатирани низа незаконитости во постапката.

Од ДКСК се споменува името на нивниот актуелен советник за правни прашања, адвокатот Стевица Јосифовски. Пред неколку години, претходниот состав на Комисијата имаше отворен предмет токму против Јосифовски.

Постојат сомневања дека тој е опфатен и со предметот во кој Телеком треба да исплати оштета од четири милиони евра на фирма, а за овој предмет Основното јавно обвинителство (ОЈО) започна предистражна постапка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се

28/08/2026
Македонија

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026
Македонија

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026
Македонија

8 активни пожари на отворено, три се под контрола

28/08/2026
Македонија

Завршува летниот режим: ЈСП од 1 септември со зимски возен

28/08/2026
Македонија

Семејна драма во Македонска Каменица: Снаата ја нападнала свекрвата, па

28/08/2026
Македонија

Венецуелка пријавила физички напад во апартман во Центар, ѝ биле

28/08/2026
Македонија

Муцунски се прости од кралот Харалд V: „Длабоко сум погоден

28/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45314
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се знае во септември

28/08/2026

Пензионерите на почетокот на септември ќе дознаат колкаво ќе биде новото зголемување на пензиите, а првичните пресметки покажуваат раст од

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026

Непочитувањето на сообраќајните правила повторно резултираше со голем број полициски интервенции низ земјава. Во текот на изминатото деноноќие, 16 возачи

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026

Жешкиот воздушен бран од Африка денеска носи и зголемено количество сахарска прашина и песок над Македонија, поради што атмосферата на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy