Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Утре снег во Македонија, еве на кои места
Македонија

Утре снег во Македонија, еве на кои места

16/10/2023

AA

Во Македонија во вторник ќе преовладува облачно и нестабилно време со пообилни врнежи од дожд, ветровито и свежо време, со дополнителен пад на дневните температури. Пообилни врнежи се очекуваат во западните, северозападните и источните предели каде што локално ќе наврнат и до 20-25 литри дожд. Над 2700 метри надморска висина со врнежи од снег. Ќе дува доумерен ветер од променлив правец кој што ќе достигне брзина и до 15 км/ч. Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 11 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 7 односно до 15 степени, прогнозираат од Weather4all за 4NEWS.mk

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во текот на ноќта вторник кон среда врнежите од дожд ќе продолжат и во утринските часови ќе престануваат. Во среда во утринските часови по котлините ќе имаме појава на магла. Во текот на денот ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди, ветровито и потопло време. Минималните температури од 4 до 13 степени, додека пак дневните ќе се движат од 13 до 21 степени. Во четврток и петок по свежото утро со утрински температури од 3 до 12 односно од 2 до 11 степени, во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Максималните дневни температури ќе достигнат од 16 до 24 односно од 18 до 26 степени. Во сабота во Македонија ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди и топло време. Во попладневните часови со услови за локални врнежи од дожд. Минималните температури од 5 до 14 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат од 18 до 26 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во среда во утринските часови појава на магла, а во текот на денот ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди и потопло време. Минималната температура од 10 степени, додека пак дневната ќе достигне до 19 степени. Во четврток и петок претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Минималната температура од 9 однсоно 8 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 22 односно до 24 степени. Во сабота во Скопје ќе преовладува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и максимални 24 степени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy