
Утре слаби врнежи од дожд и снег во источните делови
Облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во централните и источните делови (над 30л/м2) проследени со ретки грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Oблачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. T=10°C. P=962hPa. U=95%. V=3m/s.
Утре претпладне во источните делови ќе има слаби врнежи од дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините од снег. Попладне времето ќе се стабилизира, а во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег.

