Утре посебен режим на сообраќај во Скопје, еве зошто!
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 09.06.2024 (недела) од 06.30 часот до 11.30 часот, поради одржување на атлетска трка, насловена како „Зегин Аеродром Ран“, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците каде ќе се движат натпреварувачите. […]