Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 – ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ
Економија

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 – ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

14/05/2024

AA

Стратешко
лидерство во ера на брзи промени и иновации, дигитална трансформација и
поголема регионална соработка како основа за создавање на просперитетни
економии,се темите во фокусот на годинешното дводневно издание на Самитот
Македонија 2025, кој ќе се одржи на 15 и 16 мај 2024 година. Покрај промените
што ги носи дигиталната трансформација во општествата и во водењето на
бизнисите, на Самитот ќе се дискутира и за моќта и потенцијалите на вештачката
интелигенција и искористување на дигиталните здравствени иновации за
унапредување на медицинските услуги во Југоисточна Европа. Демократијата,
слободата на говорот во ера на дигитализација исто така ќе бидат дел од темите
на Самитот Македонија 2025, како и многу други теми поврзани со бизнис моделите
и стратегиите за брз и успешна трансформација.

Самитот Македонија 2025 чија главна цел
е поврзување и споделување на знаења и искуства помеѓу професионалците од
различни земји и области, во функција на раст, годинава ќе биде домаќин на
преку 50 експерти од бизнис и научната заедница од повеќе земји во светот.

На отворањето на
Самитот Македонија 2025 ќе се обратат и претседателот на државата Гордана
Силјановска Давкова,  Никица Мојсовска
Блажевски
, извршен директор на Македонија 2025 и Мајкл Чкламовски, претседател на Одборот на директори на организацијата. На затворањето на
Самитот Македонија 2025 ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан
Мицковски, 
кој се очекува да биде и иден мандатар за составување на новата
Влада.

Голем е
интересот за присуство на Самитот Македонија 2025, кој годинава се одржува по 13
пат. Според поедините информации, на самитот ќе учествуваат над 450 учесници. Покрај тоа, во рамките на Самитот ќе има
одлична можност за вмрежување и остварување на нови партнерства и
соработка со потенцијални инвеститори.

Самитот на Македонија 2025 е во организација на меѓународната невладина
организација Македонија 2025, чија главна мисија е креирање и унапредување на динамична
платформа за споделување знаења од областа на бизнисот, економијата,
технологијата, лидерството и иновациите, во насока на поттикнување на економски
развој и одржливост. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy