
Утре одбележуваме 152 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев, Владата ќе положи цвеќе на неговиот гроб!
Утре одбележуваме 152 годишнина од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев, а по тој повод Владата ќе оддржи државен свечен настан.
Во 10:00 часот, на вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“-Скопје, свежо цвеќе ќе положи претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, владина делегација предводена од Бојан Маричиќ, прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за европски прашања, Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура, Беким Реџепи, заменик министер за транспорт.
Во 10:30 часот, владина делегација составена од Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање, Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка ќе положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.