Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Утре нов протестен марш во Скопје: За Фросина, за оние што ги загубивме, за нас!
Македонија

Утре нов протестен марш во Скопје: За Фросина, за оние што ги загубивме, за нас!

15/02/2025

AA

Утре, на 16.02.2025 во 16:30 часот, со почетна локација пред Универзална сала, повторно излегуваме на ПРОТЕСТЕН МАРШ! Не само како поединци, туку како заедница, велат од од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“

„Потребни сме му на нашиот град и на нашето општество заедно, како колектив што бара одговорност, неселективна правда и безбедност за секој граѓанин!

Системот што треба да нè заштити потфрла, затајува и секојдневно ни ја докажува својата нефункционалност – онаа што ни ги крати животите. Премногу долго чекавме некој друг да ги подобри работите, да направи вистински промени, да ни обезбеди квалитет на живот каков што заслужуваме. Време е сами да ги побараме! Време е да ги потсетиме надлежните кому служат и зошто се на своите функции!

Овој протест е политички чин, но не смее да биде партиска алатка. Токму тоа е она против што се бориме!

Истакнувањето на барања е политички акт, но тоа не значи дека некоја партија треба да го преземе и да манипулира со граѓанската борба! Секој оној што се обидува да го поткопа протестот со теории на заговор дека е платен од некого, нека знае: за протест пари не се потребни. За хамер и фломастери за плакатите – имаме.

Оние што ги шират ваквите приказни работат во корист на одржување на народот во партиско ропство – состојба во која партиите, наместо да им служат на граѓаните, стануваат центри на моќ што контролираат сè: животот, егзистенцијата, иднината. Нивниот мотив не е подобар живот, туку да бидат власт по секоја цена. Тие самите не можат да поимаат дека некој може да има чесни намери за општо добро, бидејќи самите никогаш не би направиле нешто самоиницијативно за подобрување на условите во оваа држава без личен бенефит. Но ние можеме. И затоа излегуваме!

Секој изгубен живот е нов потсетник дека не смееме да молчиме! Не смееме да тонеме во апатија, чувствувајќи се немоќни да направиме промена. Заедно можеме да смениме сè! Дојди и приклучи се!

Да ставиме крај на неказнивоста!
Да ставиме крај на небезбедноста!
Да ставиме крај на ниските стандарди со кои веќе нема да се помириме!

По одржаните јавни форуми, со вашата поддршка и стручната јавност, подготвивме конкретни мерки и барања до институциите, кои ќе овозможат поправеден, пофункционален и побезбеден систем за сите нас. Заслужуваме подобро!

Овој протест е нашата шанса да ги наметнеме овие барања како приоритети за унапредување на системот што зависи од нас самите:
•⁠  ⁠Безбедни улици и градови;
•⁠  ⁠Неселективен и правичен систем;
•⁠  ⁠Едуцирана младина со морален компас во вистинската насока.

Гневот е природен, бидејќи системот е деструктивен кон нас. Но сега сакаме да бидеме конструктивни – нудиме решенија и бараме тие веднаш да бидат спроведени!

Време е заедно да го побараме она што ни следува како граѓани на оваа држава – за Фросина, за оние што ги загубивме, за нас, за сите што доаѓаат по нас!“ – се вели во соопштението на граѓанската иницијатива „Кој е следен?“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уставниот суд се отвора за граѓаните: Средби со претседателот Костадиновски

15/02/2026
Македонија

ЗАЛАДУВАЊЕ И ПООБИЛНИ ВРНЕЖИ Ќе се зголеми висината на снежната

15/02/2026
Македонија

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола

15/02/2026
Македонија

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во

15/02/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ЈА ИСТРАЖИ ВРСКАТА НА ЗАЕВ

15/02/2026
Македонија

„САМО ШТО ЗЕДОВМЕ МИЛИЈАРДА“: Владата мерка ново задолжување до 300

15/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ СЕЛОТО КОЛАРИ Забрана за автобуси од Лисец

15/02/2026
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41487
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уставниот суд се отвора за граѓаните: Средби со претседателот Костадиновски секој прв четврток во месецот

15/02/2026

По повод големиот јубилеј – 62 години од почетокот на работата (15 февруари 1964), Уставниот суд на Северна Македонија најавува

ЗАЛАДУВАЊЕ И ПООБИЛНИ ВРНЕЖИ Ќе се зголеми висината на снежната покривка на планините

15/02/2026

Управата за хидрометеоролоши работи (УХМР) најави дека утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник ќе

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола нација пуши, а трендот е

15/02/2026

Дали Законот за заштита од пушење ќе стартува од 1 март како што се предлага во законското решение или ќе

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy