
Утре многу топло време, температурата ќе достигне до 43 степени – во недела нестабилно со дожд и грмежи
Претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 36 до 43 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. T=43°C. P=978hPa. U=20%. V=3m/s. UV index=9.
Утре ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне и
43°C. Во недела и во првата половина од следната седмица ќе има промена на временската состојба. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го промени правецот во северен, а дневната температурата ќе биде во опаѓање.