
Утре и вторник бугарска делегација во Скопје, ќе има посебен сообраќаен режим
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 13 и 14.11.2023 поради посета на делегација предводена од Претседателот на Народното собрание на Р.Бугарија, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во централното подрачје на Скопје.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

