
Утре ќе има автобус низ Скопје
Со 25 гласови „за“, Советот на Град Скопје денеска на повторената вонредна седница донесе одлука да се исплатат субвенции на ЈСП „Скопје“.
Скопјани утре ќе можат да ги користат автобусите на градскиот превоз.
Пред да се гласа за доделување на субвенциите, советниците од ВМРО-ДПМНЕ се обиделе да ги намалат субвенциите на една третина од предвидените преку амандман, но тоа не било прифатливо за другите советници и за скопската градоначалничка Данела Арсовска.

