
Утре е Денот Д: Во 12 часот ќе се објави обвинението за пожарот во Пулс Кoчани
По страшната трагедија која ја потресе Македонија, утре е денот Д.
Во 12 часот на прес конференција ќе се објави обвинението за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани каде 62 лица загинаа, а околу 200 беа повредени.
„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и обвинителскиот тим кој ја води истрагата на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со пожарот во клубот “Пулс” на 13.06.2025 година (петок) во 12:00 часот во зградата на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ќе одржат прес конференција за досегашната постапка во овој предмет и донесената јавнообвинителска одлука“