
Утре два часа блокиран патот Гостивар-Маврово
Од 15 до 17 часот утре ќе биде блокиран патниот правец Гостивар-Маврово, дознава 4NEWS.mk. Блокирањето ќе биде поради протест.
Граѓани од овој дел на Македонија утре излегуваат на протест за како што велат да ја изразат „загриженоста за еколошката катастрофа што се случува на планината Малин Меник од Националниот парк Маврово“.
Ова не е прв пат граѓаните да излегуваат на протест за оваа цел. И претходно имаше протести во овој дел, но за жал без слух од надлежните.
