
Утре дожд и грмежи, можно краткотрајно невреме – во петок и сабота стабилно
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд. T=32°C, P=978hPa, U=52%, V=4m/s.
Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Во петок и сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура. Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во недела и во почетокот на следната седмица.