
Усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски
Владата денеска го усвои предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски, со што постапката – која беше ставена во мирување за време на изборниот период – продолжува согласно законските процедури.
Портпаролката на Владата, Марија Митева, на прес-конференција информираше дека причините за ваквата одлука се веќе јавно познати и претходно образложени.
„На владина седница усвоен е предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски, со што ја продолжуваме постапката која согласно законските ограничувања беше привремено стопирана за време на изборниот период. Причините за оваа одлука се јавно познати“, изјави Митева.
Од Владата најавуваат дека по усвојувањето на предлогот ќе следуваат понатамошните институционални чекори за финализирање на постапката.
