Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УСТАВНИОТ СУД УДРИ НА ПЕНЗИИТЕ Кацарска предложи, колегите прифатија да го оценуваат последното линеарно покачување од 2.000 денари
Македонија

УСТАВНИОТ СУД УДРИ НА ПЕНЗИИТЕ Кацарска предложи, колегите прифатија да го оценуваат последното линеарно покачување од 2.000 денари

20/11/2025

AA

Уставната судијка Добрила Кацарска предложи, а Уставниот суд прифати да поведе постапка за законот со кој пензиите беа линеарно покачени за 2.000 денари, донесен во јули 2025 година. Со овој закон е предидено за септември пензионерите да добијат покачување од 1.000 денари и од март 2026 година уште по 1.000 денари.

Според Судот, со линеарното покачување на пензиите е направена дискриминација. Односно, дискриминирани се пензионерите со високи пензии, кои би зеле повеќе пари со усогласување на пензиите според трошоцте, отколку со линеарното зголемување, со иста сума за сите.

„Постапувајќи по овој предмет, на предлог на судијата-известител Добрила Кацарска, Судот одлучи по сопствена иницијатива да поведе постапка за член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалиското осигурување. Станува збор за одредба со која се зголемуваат пензиите (во јавноста познато како линеарно зголемување). Со оспорениот член 2 правото на редовно месечно усогласување на пензиите со пресметки направени врз основа на порастот на платите и трошоците на живот, е заменето со линеарна распределба на вкупниот износ на пари за сите прензионери подеднакво, без оглед на стекнатата и остварената висина на пензијата, стажот и на уплатениот придонес“, соопшти Уставниот суд.

Судот, се додава во соопштението, го имаше предвид фактот дека усогласувањето на пензиите е право на осигуреникот што му гарантира социјална сигурност во рамките на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што се остварува и уставната гаранција за социјална сигурност на граѓаните.

„Уставниот суд во оваа фаза од постапката изрази сомнеж дека со оспорениот член 2 се нарушени уставните принципи за социјална праведност, еднаквост на граѓаните, како и правната сигурност и легитимните очекувања како правни принципи. Имено, се постави прашањето дали оспорената одредба продуцира дискриминација по основ на износот на пензија и нееднаквост помеѓу примателите на пензии, односно оние пензионери кои имале подолг работен стаж, повисоки уплати во пензискиот систем и повисока основица, добиваат помало зголемување на пензиите, наспроти пензионерите со пониските пензии“, соопшти Уставниот суд.

Пензијата е стекнато имотно, индивидуално право, додава Судот.

„Согласно член 30 од Уставот, правото на сопственост е гарантирано и никому не може да му биде ограничено или одземено. Следствено на ова, пред Уставниот суд основано е поставено прашањето дали со оспорената одредба се ограничува правото на сопственост на пензионерите со повисоки пензии. Со поведувањето на постапка за оценување на уставноста на оспорениот член, Уставниот суд ќе испитува дали законското решение е оправдано и во доволна мера избалансирано“, соопшти денеска Уставниот суд.

Во соопштението се додава и дека Европскиот суд за човекови права во Стразбур низ своите пресуди наведува дека за целите на членот 14(забрана од дискриминација) од Европската конвенција за заштита на човековите права, разликата во третманот е дискриминирачка доколку „нема објективно и разумно оправдување”, односно ако не ја остварува „легитимната цел“ или ако не постои „разумна врска на пропорционалноста помеѓу употребените средства и целта што треба да се реализира“.

Но, ако линераното покачување од јули 2025 година за сума од 2.000 денари е дискриминација, зошто Судот не поведе постапка и за покачувањето од минатата годна, кога пензинерите добија зголемување од вкупно 5.000 денари, на два пати од по 2.500 денаи, од септември 2024 година и од март 2025 годна? Токму за ова покачување уставните судии одлучуваа на истата седница вчера, по иницијатива поднесена од Тито Беличанец, Јадранка Мршиќ и Сузана Московска, кои, исто така, тврдат, дека е напправена дискриминација.

„Судот ја отфрли иницијатвата поради тоа што оспорените одредби (член 3 и член 18 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување објавен на 18 септември 2024 година) се од темпорален карактер и повеќе не се дел од правниот промет“, соопшти Уставниот суд.

Беличанец, Мршиќ и Московска во иницијативата наведуваат:

„Со членот 3 се вршат измени во членот 37 со кој по зборот претходи се става запирка и се додаваат зборовите: објавени од Државниот завод за статистика. Во случај кога порастот на трошоците на живот се со негативен предзнак, не се врши усогласување на пензијата. Со членот 18 се вршат измени во членот 37 кои гласат: Одредбите од членот 37 од овој закон не се применуваат во период од 1 септември 2024 година до 31 август 2025 година. На 1 септември 2024 година сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 31 август 2024 година се зголемуваат за 2.500 денари. На 1 март 2025 година сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 28 февруари 2025 година се зголемуваат за 2.500 денари“, навеле подносителите, соопшти Уставниот суд.

Подносителите, додава Судот, тврдат дека измените се во спротивност со суштината на пензискиот систем и на Уставот, а пензијата не е социјална категорија, туку секој пензионер има остварено различна висина на пензија во зависност од тоа колку години и во која висина во Фондот за ПИОМ уплатувал придонеси. Според подносителите, додава Судот, се прави дискриминација – на една категорија пензионери кои се со пониски пензии да им се исплатува поголем процент при покачување на пензиите, а на други помал процент или попрецизно, со покачувањето од 2.500 денари, на секој пензионер му се зголемува пензијата со различен процент.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТОПОЛ АНТИЦИКЛОН ОД ЈУГ НОСИ ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ Температурите ќе се

03/03/2026
Македонија

АКО ИМА УМ И РАЗУМ, ЌЕ ИМА И СПАС ЗА

03/03/2026
Македонија

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026
Македонија

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026
Македонија

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата

02/03/2026
Македонија

ОЈО СО ПРВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ Наредена обдукција

02/03/2026
Македонија

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ!

02/03/2026
Македонија

ОЈО: Наредена обдукција на телата на починaтите жена и дете,

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42155
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТОПОЛ АНТИЦИКЛОН ОД ЈУГ НОСИ ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ Температурите ќе се искачат до 20 степени

03/03/2026

Во текот на оваа седмица територијата на Македонија и на целиот регион ќе биде под влијание на Антициклон (Поле со

АКО ИМА УМ И РАЗУМ, ЌЕ ИМА И СПАС ЗА ПРОЦЕСОТ „ПУЛС“ Само итна ревизија

03/03/2026

Речиси една година по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 млади луѓе и беа повредени околу

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy