
Уставниот суд разгледува иницијативата на Левица за политичко рекламирање
Уставниот суд отвори предмет по иницијатива на Левица, која го оспори Упатството на АВМУ за локалните избори со образложение дека партијата е лишена од можност за платено политичко рекламирање.
Судот не донесе времена мерка за стопирање на рекламите, бидејќи предметот е во претходна постапка. Судија-известител во рок од три дена ќе побара мислење од АВМУ и ќе провери судска пракса, по што ќе подготви предлог за седница.
Следната редовна седница е на 15 октомври, а одлука пред тој датум е можна само со вонредна седница. Левица и ЗНАМ останаа без државно финансирани минути за реклама, бидејќи според АВМУ не ги исполнуваат условите од Изборниот законик.
