
Уставниот суд поведува постапка за уставноста на измените на Законот за платите на судиите
Уставниот суд денеска одлучи да отвори постапка за оценување на уставноста и законитоста на измените на Законот за платите на судиите, соопшти претседателот на судот, Дарко Костадиновски, по завршувањето на седницата и гласањето по поднесените иницијативи. Тој нагласи дека оваа постапка е во насока на заштита на судската независност од влијанијата на извршната и законодавната власт.
Судиските иницијативи се однесуваат на измените на законот што беа донесени од Собранието во февруари 2024 година, со кои беа намалени коефициентите за пресметка на судиските примања за 0,5 процентни поени.
Иницијативите беа поднесени од група судии и обвинители кои оценуваат дека намалувањето на коефициентите влијае на финансиската и професионалната независност на судската и обвинителската функција.
