
Уставниот суд оформи 5 предмети поврзани со промената на документите
Во Уставниот суд се оформени 5 предмети во врска со хаосот за промена на личните документи.
Ова го потврди претседателката на судот, Добрила Кацарска, додавајќи дека предметите се во рацете на тимовите кои работат на нив.
Кацарска меѓу другото рече дека не може да знае кога предметите би стигнале на седница, бидејќи тоа зависи од самиот тим.
„Конкретно не знам што е оспорено, но секако е оној период на издавањето на личните документи и нивното времетраење. Има документи коишто се се’ уште со важност, слободата на движење ограничена на овој начин“, рече Кацарска.

