Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УСТАВНИОТ СУД ГО ПОВЛЕЧЕ ПРЕДЛОГОТ ЗА КЗ: Се чека Собранието да ги донесе новите измени
Македонија

УСТАВНИОТ СУД ГО ПОВЛЕЧЕ ПРЕДЛОГОТ ЗА КЗ: Се чека Собранието да ги донесе новите измени

22/12/2025

AA

Уставниот суд на денешната седница постигна консензус да го повлече предлогот за одлучување по иницијативата за Кривичниот законик (КЗ). Оваа одлука доаѓа како резултат на веќе отпочнатата законодавна постапка во Собранието за измена и дополнување на законот во редовна процедура.

Со овој потег, Уставниот суд ја одлага конечната одлука во однос на членот 353 од КЗ, кој се однесува на „Злоупотреба на службената положба и овластување“. Судот смета дека е целисходно да се почека финалниот збор на законодавниот дом, со цел да се види во која насока ќе се движат новите законски решенија.

Иницијативата пред Уставниот суд беше под лупа на јавноста бидејќи одлучуваше за уставноста на измените од 2023 година, кои предизвикаа бројни застарувања на предмети за висока корупција. Сега, Судот му дава предност на Собранието да ја корегира или допрецизира правната рамка преку тековната редовна постапка.

„Конечната одлука на Уставниот суд се одлага сè до завршувањето и донесувањето на измените и дополнувањата на Кривичниот законик од страна на Собранието“, појаснуваат извори од Судот.

Откако Собранието ќе ги усвои новите измени, Уставниот суд ќе треба да ја оцени нивната усогласеност со Уставот, доколку повторно се појават иницијативи. Дотогаш, остануваат во сила постоечките одредби, додека пратениците дебатираат за враќање на повисоките казни и редефинирање на службените злоупотреби.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy