Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Уставниот суд го одби барањето на Апасиев против Талат Џафери!
Македонија

Уставниот суд го одби барањето на Апасиев против Талат Џафери!

09/04/2025

AA

Уставниот суд денеска го одби барањето на Димитар Апасиев во однос на екс претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Врз основа на утврдената фактичка состојба на јавната расправа, Судот оцени дека нема правно релевантни факти дека во овој случај и со конкретните дејствија преземени од тогашниот претседател на Собранието, Талат Џафери на подносителот на барањето му била повредена слободата на политичкото дејствување и дека истиот бил дискриминиран поради политичката припадност, поради што се исполнети условите од член 56 од Деловникот на Уставниот суд за одбивање на барањето. 

Уставниот суд ги прифати изјавите на тогашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, кои беа изнесени на јавната расправа пред Судот, дека во случајот единствено исправно било да се применат одредбите од членовите 135 и 136 од Деловникот на Собранието, бидејќи со истите се регулира постапката кога пратеник поднесува предлог-закон и му се дава овластување на Претседателот на Собранието да побара од пратеникот во определен рок предлогот да го усогласи. 

Судот оцени дека д-р Димитар Апасиев требало да постапи во тој рок и да го уреди поднесокот, бидејќи станува збор за поднесување на граѓанска иницијатива од страна на пратеник, па така сосема логично било доставата на известувањето да му биде извршена во Собранието, а не на домашната адреса. Од исказите на странките на јавната расправа јасно произлегува дека подносителот на барањето за заштита на слободите и правата, Димитар Апасиев, не го испочитувал рокот од 15 дена за уредување на поднесокот односно предлогот, поради што истиот бил отфрлен како да не бил поднесен.  Со постапувањето на овој начин со поднесената иницијатива од страна на подносителот на барањето сметаме дека претседателот на Собранието не ги пречекорил своите овластувања, бидејќи од одредбите од Деловникот на Собранието, посебно од одредбата од член 60 од Деловникот, јасно произлегува дека претседателот на Собранието ја испитува уредноста на предлогот за покренување граѓанска иницијатива за распишување на референдум на државно ниво. Следствено на ова, со доставување на предметното известување дека иницијативата треба да се дополни и доуреди, претседателот на Собранието г-дин Талат Џафери ги исполнувал своите законски и деловнички обврски да се грижи за примена на Деловникот. Со ваквото постапување на претседателот на Собранието, според мислењето на Судот, на подносителот на барањето д-р Димитар Апасиев не му била повредена слободата на политичкото дејствување од член 110 алинеја 3 од Уставот, од причина што тој како пратеник имал на располагање и други начини и инструменти преку кои можел прашањето за распишување на референдум на државно ниво за конкретното прашање да го изнесе пред Собранието, како што е на пример можноста што ја дава член 184 од Деловникот на Собранието според кој секој пратеник има право до Собранието да предлага донесување на декларации, резолуции, одлуки, препораки и други општи акти.

Во постапувањата и дејствијата на Талат Џафери, Судот цени дека не постојат ниту елементи на дискриминација, од причина што и по иницијативата што претходно (во септември 2022 година) била поднесена од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за распишување на референдум во врска со договорот со Бугарија, претседателот на Собранието постапил на истиот начин и го известил подоносителот на таа иницијатива дека истата е неуредна од формални причини и не ја проследил до надлежните собраниски комисии“, велат од Уставен суд

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БРВЕНИЦА ЗАСЛУЖУВА ПРОЕКТИ, А НЕ ПОДЕЛБИ Манасиевски порача дека продолжува

01/11/2026
Македонија

ДИК ГИ ОБЈАВИ КОНЕЧНИТЕ БРОЈКИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Јахији

01/11/2026
Македонија

САМИ ПРОТИВ СИТЕ Мицкоски им порача на жителите на Брвеница

01/11/2026
Македонија

Мицкоски по поразот во Брвеница: „Ние со програма, тие со

01/11/2026
Македонија

КОВАЧКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ЈАХИЈ ЗА ПОБЕДАТА ВО БРВЕНИЦА Од

01/11/2026
Македонија

КАНДИДАТОТ НА ДУИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА СО РАЗЛИКА ОД 201

01/11/2026
Македонија

ВРЕДИ ОДИГРА УЛОГА НА ТРОЈАНСКИ КОЊ ВО БРВЕНИЦА Стојаноска оцени

01/11/2026
Македонија

МАЖОТ ГО ЗАДУШИЛЕ СО ПЕРНИЦА, ЖЕНАТА ПОЧИНАЛА ОД СИЛНИТЕ УДАРИ

01/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46495
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БРВЕНИЦА ЗАСЛУЖУВА ПРОЕКТИ, А НЕ ПОДЕЛБИ Манасиевски порача дека продолжува поддршката од Владата за општината

01/11/2026

ВМРО-ДПМНЕ им се заблагодари на жителите на општина Брвеница кои го дале својот глас за кандидат Стојанчо Радичевски, кој загуби

ДИК ГИ ОБЈАВИ КОНЕЧНИТЕ БРОЈКИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Јахији освоил 4.442 гласови, а Радичевски

01/11/2026

Кандидатот на Националната алијанса за интеграција, Аркин Јахији, предводена од ДУИ, е победник на предвремените избори за градоначалник во Општина

САМИ ПРОТИВ СИТЕ Мицкоски им порача на жителите на Брвеница дека ќе ја имаат поддршката

01/11/2026

Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy