
Уставен суд оформи предмет за вториот протокол меѓу Македонија и Бугарија
Отворен предмет, Уставниот суд ќе ја оценува законитоста на вториот протокол потпишан меѓу Македонија и Бугарија, откако поранешната пратеничка и поранешна претседателка на партијата ДОМ, Лилјана Поповска кон крајот на минатиот месец поднесе иницијатива до судот и тврди дека има несоодветна форма и содржина, дека излегува надвор од рамките на правен акт кој обработува еден член од договор меѓу две земји и произведува штетни дејствија врз идентитетските прашања за македонскиот народ, јазик и држава.
Од Уставен велат дека подносителката бара поништување на протоколот и наведува дека поништувањето е издржано согласно Виенската конвенција за договорното право.
