
Уставен ќе ја оценува уставноста на статутот на бугарското здружение во Битола кое беше избришане во Централен регистар
Уставниот суд на денешната седница ќе разгледа една иницијатива за оценување на уставност и законитост и една иницијатива за оценување уставност на програма и статут на здружение на граѓани.
Политичката партија „Левица” поднесе иницијатива до Судот со која ги оспорува Статутот и Програмата на Здружението „Културен центар Иван Михајлов”.
Како што информирааат од Судот, подносителот наведува дека оспорените Статут и Програма се спротивни на членот 20 став 2 од Уставот, затоа што според него се насочени кон разгорување на национална или верска омраза или нетреливост.
Во иницијативата е наведено дека дејствувањето на Здружението е насочено кон уривање на уставниот поредок на Републиката и разгорување на национална омраза и нетрпеливост.
Иницијативата ќе се разгледува два месеца откако битолското здружение беше избришано од Централен регистар откако министерот за правда Кренар Лога го одби како неосновано барањето на бугарското здружение во Битола за употреба на името Иван Михајлов во називот за својот културен клуб.
На дневен ред на седницата е и иницијативата за оценување на уставност и законитост на член 236 став 2 алинеја 1 од Законот за социјална заштита „Службен весник бр. 104” од 23. 05.
2019 година, член 1 став 1 точка 1 од Правилникот за начин на издавање, продолжување и одземање на лиценцата за работа на стручните работници („Службен весник бр. 79” од 26. 03. 2020 година).
Според подносителката на иницијативата, во членот 236 став 1 и 2 од Законот за социјална заштита кој ја регулира постапката за лиценцирање, образовните профили кои можат да се стекнат со општа лиценца за работа не кореспондираат со членот 194 став 1 од истиот закон бидејќи сите стручни работници во установите за социјална заштита наведени во членот 194 став1 и членот 197, освен правник, педагог, социјален работник и психолог се дискриминирани во постапката за лиценцирање.
