
Уставен ја укина одлуката со која се крена прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи за избори
На денешната седница, судот ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, со кои се бараше независните кандидати да соберат најмалку 1% потписи од вкупниот број гласачи во изборната единица или општина, што значително го зголеми прагот за кандидатура.
Судијата-известител посочи дека измените го повредуваат уставното начело на политички плурализам, правна сигурност и владеење на правото.
Иницијативата за уставност ја поднесоа Лилјана Поповска и група граѓани, преку адвокатската канцеларија Петрушева.
Овие измени беа изгласани на 7 март 2024 година и требаше да важат за претстојните локални избори во октомври.