
Успешна трансплантација по хумана одлука на семејство донор
Министерството за здравство информира дека на 9 август е извршена уште една успешна трансплантација на органи од починат донор, по повод Светскиот ден на органодонорството – 13 август.
Од Министерството упатија голема благодарност до семејството на донорот, кое во најтешките моменти донело хумана одлука да ги донира органите.
Во процесот на трансплантацијата биле вклучени повеќе медицински екипи од хируршки и интерни клиники при клиничкиот блок „Мајка Тереза“, на кои им беше изразена благодарност за посветеноста и професионалната работа.
Според информациите, трансплантираните пациенти се во добра општа состојба и се под постојан медицински надзор и нега. Министерството им посака долг и здрав живот.
