
УСПЕШЕН БОЈКОТ ВО ЦРНА ГОРА: Во Будва, Никшиќ и Бијело Поље речиси и да нема купувачи
Црногорските медиуми пишуваат дека бојкотот на супермаркетите и продавниците, што почна утрово во земјата е успешен, затоа што како што пишуваат, речиси и да немало купувачи.
Во Будва, Никшиќ и Бијело Поље речиси и да нема купувачи, во Подгорица има многу помалку од вообичаено, а слична е ситуацијата и во Бар, објавија подгоричките медиуми. Како што пишува „Вијести“, бројот на купувачи во супермаркетите во Подгорица бил многу помал од вообичаено, а во Никшиќ и Бијело Поље речиси и да немало луѓе во големите маркети.
Но, нема официјални податоци од Даночната управа за тоа колку помалку фискални сметки се издадени денеска и колку помалку пари граѓаните оставиле во супермаркетите во споредба со, на пример, минатиот петок или кој било друг ден во неделата, како што е случајот во Хрватска.
И македонските граѓани денеска бојкотираа.
foto freepik.com
