Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УШТЕ НЕПОЧНАТО СО РАБОТА, НОВОТО ДРЖАВНО АД ВЛЕЗЕ ВО МИНУС ОД МИЛИОН ЕВРА – како Номагас лани за кратко ја направи загубата
Економија

УШТЕ НЕПОЧНАТО СО РАБОТА, НОВОТО ДРЖАВНО АД ВЛЕЗЕ ВО МИНУС ОД МИЛИОН ЕВРА – како Номагас лани за кратко ја направи загубата

23/05/2023

AA

Уште непочнато со
работа, новоформираното претпријатие за пренос на природен гас – Номгас, влезе
во загуба од над еден милион евра.

Според кусиот финансиски
извештај кој го објави ова акционерско друштво во државна сопственост до
Македонската берза, Номагас во 2022 година имало загуба од точно 1,03 милиони
евра, или над 63 милиони денари.

Во табелата која ја
објавува компанијата. може да се види и дека таа лани остварила приходи од нешто
над 147 милиони денари, или 2,4 милиони евра.

Како дошло до
загуба од еден милион евра во ова тукушто формирано државно претпријатие за
пренос на гас, не е познато, бидејќи во табелата која ја дала компанијата не се
наведени нејзините расходи, ниту, пак, се дадени посебни ставки како и за што
се направени тие расходи.  

Од податоци кои ги
објавила компанијата, уште и се гледа дека таа има нето готовински тек од близу
957 милиони денари, или 15,6 милиони евра.

Инаку, она што е
изненадувачки, е дека ова АД за вршење енергетска дејност пренос на природен
гас во државна сопственост, всушност било формирано точно на 30 декември
минатата година. Затоа и би било зачудувачки како толку нов деловен субјект,
практично за само два дена, влегол во загуба од над еден милион евра.

Но, мора да се има
предвид дека Номагас настана со спојување на два субјекти, а тоа беа НЕР, односно Националните енергетски ресурси, државното преторијатие за изградба на
гасификацијата, и ГА-МА, претпријатието за пренос на природен гас, кое државата пред
извесен период целосно го дооткупи од приватната компанија „Макпетрол“.Номагас настана
како резултат на спојување на двете одделни акционерски друштва, па веројатно ги презело и
сите обврски од овие субјекти, што резултирало и со загуба во работењето во
првата година од своето постоење.

Како што веќе објави Фактор, во Трговскиот регистар точно на 30 декември минатата година е направен упис на статусната промена –
спојување на АД за вршење на енергетски дејности НЕР во државна сопственост и
АД ГА-МА Скопје.

Она пак, што е
наведено во Трговскиот регистар, според податоците до кои дојде Фактор, е дека
основната главнина на друштвото е 58.357.000 евра.Притоа, паричниот влог на новото АД е 20.777.200 евра, додека, пак,
непаричниот влог изнесува 37.579.800 евра. 

Како сопственик и основач на новото акционерско друштво е наведена
Владата, а приоритетна дејност на Номагас ќе биде цевоводен транспорт.

Бајрам Реџепи, поранешниот директор на НЕР, е извршен директор на Номагас, односно извршен член
на Одборот на директори, што практично значи прв човек на новото АД во
сопственост на државата.

Потоа, неизвршни
членови на Одборот на директори се Ристо Талевски, Дарко
Башоски, Бетиане Китев, и Рафис Аљити. Всушност, дел од овие директори
се префр
лија од
претходните, ГА-МА и НЕР, во новото АД Номагас.

Извршниот директор на Номагас Бајрам Реџепи, неодамна, од осмиот Делфи Економски форум што се одржа во Грција, ја истакна важноста на енергетската поврзаност меѓу
земјите, и двата големи проекти со Грција, интерконекторот за природен гас и
терминалот за течен природен гас во Александруполи.

Инаку, како што веќе пишуваше Фактор, АД Номагас оваа година ќе има буџет од 4,176 милијарди денари, или околу 68 милиони
евра.

Поголемиот дел од парите се предвидени од кредити и од грантови од
европските финансиски институции, а тоа се околу 43 милиони евра. Останатите
пари се докапитализацијата од продадени акции на Владата, што веќе е одобрено
од Комисијата за хартии од вредност, приходи од наплата (тарифа) од приватните
оператори и пренесени средства од спојувањето на поранешните АД ГА-МА и АД НЕР.

За сопствени потреби АД Номагас треба да потроши 7 милиони евра, додека останатите пари
ќе бидат за инвестиции. Друштвото за инвестирање во ЛНГ терминалот во
Александрополис во Грција ќе има вкупно околу 10 милиони евра, според
објавениот финансиски план за 2023. Номагас треба да раководи и со изградбата на македонскиот дел од
гасоводот што ќе ја поврзува Македонија со Грција. Тендерот за изградбата беше
најавуван уште од почетокот на годината, но досега не е распишан.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy