
Уште едно лице приведено по убиството на лекарот, сега се тројца!
Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека приведено е уште едно лице за убиството на матичниот лекар Ацо Трпковски.
„Согласно моите информации, приведено е уште едно лице и сега се три. Претресот е завршен во доцните вечерни часови. Се продолжува со други истражни дејствија за да се утврди фактичката состојба. Штом има други информации,ќе ја информирам јавноста“, рече Тошковски.
Вчера Тошковски информираше дека биле приведени две лица.
Убиениот лекар од Скопје имал 67 години и бил најден со најмалку 9 убоди и искрварен во неговиот автомобил во близина на паркот Железара.