
УШТЕ ЕДНА ПРАТКА СО ХРАНА ВРАТЕНА ОД ХРВАТСКА ВО СРБИЈА: Овој пат спорни се праски, медиумите шпекулираат за што би можело да станува збор
Пратка со праски чие потекло било од Србија, била вратена од хрватската граница кон Србија. Српски телеграф пишува дека ја провериле информацијата и дека од спорната пратка бил земен примерок.
„ Според нашите информации, Граничната фотосанитарна инспекција, при Министерството за земјоделство, земала мостра од спорните овошки“ пишува Телеграф.рс.
На почетокот на август годинава беше повлечен чипсот произведен во Србија, во кој на хрватската граница беше пронајдено високо ниво на канцероген акриламид.