
Уште една ноќ на немири во Франција: Уапсени над 470
Четврта по ред немири во Франција, откако полицијата застрела 17-годишник во вторникот. Тој беше од алжирско и мароканско потекло.
Опожарени се згради и возила, а ограбени се продавници. Досега имало најмалку 470 апсења . Во задушувањето на протестите беа вклучени околу 45.000 полицајци и неколку оклопни возила.
Владата повика на прекин на сообраќајот на автобуси и трамвај во текот на ноќта низ целата земја. Немирите во Франција се префрлија и во Белгија, а француските медиуми објавија дека во Брисел се уапсени 100 лица.
