
УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА КОМПАНИЈА ВО КРИЗА! Отпушта 1.800 вработени – инфлацијата е најголемиот проблем
Во следните две години холандската млечна компанија „Friesland Kampina“ ќе укине 1.800 работни места ширум светот. Како што се наведува, најголем проблем е инфлацијата. Целта на отпуштањата е да се намалат трошоците и да се подобри профитабилноста.
„Friesland kampina“ е една од најголемите светски млечни задруги која го продава своето млеко, сирења и детски формули, како и состојки за прехранбената и фармацевтската индустрија во повеќе од 100 земји во светот. Компанијата вработува околу 22.000 луѓе во 30 земји.
Во текот на 2022 година компанијата оствари промет од 14 милијарди евра. Моментално е во тешка финансиска состојба, но не планира да ги затвори производните капацитети. Компанијата планира да ја подобри својата позиција на пазарот преку реорганизација. Во првата половина на 2023 година, економската состојба на компанијата се влоши.
Цената на млекото што шест месеци им ја плаќале на своите кооперанти била повисока од пазарните, кои драстично паднале кај основните млечни производи – особено сирењето и путерот.