
УШТЕ ЕДНА ДРАМА ВО ГРЦИЈА: Овој пат се изгуби петгодишниот Игор, за среќа успешно беше пронајден
Вистинска драма се случуваше вчера во соседна Грција. Се загуби петгодишното момче Игор во Неа Флогита. На фејсбук групата „Грција инфо“ масовно се споделуваше неговата фотографија, и по само неколку часа, момчето успешно беше вратено кај родителите.
Изминатиот период зачестија ситуациите во кои родителите ги губат децата на грчките плажи и шеталишта. На социјалните мрежи се апелира, родителите со мали деца посебно да бидат внимателни.