
УШТЕ ЕДЕН ПРОИЗВОД ПОВЛЕЧЕН ОД ХРАТСКИОТ ПАЗАР – Може да биде опасен по здравјето на корисниците, утврдена салмонела
Медиумите во Хрватска јавуваат дека од тамошниот пазар се повлекува сувомеснат производ „Загорски квргави кулен“ од 500 грама поради констатирана бактерија од родот Salmonella spp., извести Државниот инспекторат на Република Хрватска.
Кулен го произведува компанијата „Шкалец промет д.о.о“, која е насочена кон преработка на месо, а на тамошниот пазар го пласира Месница Грашо.
– Производот е ЛОТ број 23012023, произведен е на 23.01.2023 година, со рок на употреба 06.02.2024 година.
Производот не е во согласност со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) од 15 ноември 2005 година за микробиолошки критериуми за храна, а известувањето се однесува исклучиво на горенаведениот производ – се наведува во соопштението на државниот инспекторат на Хрватска.
