
Уште еден прекинат натпревар на Светското клупско првенство во САД!
Официјалните лица решија дека условите на стадионот се несоодветни за продолжување на играта, па средбата беше суспендирана за време на одморот. Во моментот на прекинот, португалскиот тим водеше со 1-0, благодарение на погодокот на Анхел Ди Марија од пенал во осмата минута од судиското продолжение на првиот дел.
Организаторите најавија дека натпреварот ќе продолжи веднаш штом временските услови го дозволат тоа. Вакви прекини станаа честа појава на шампионатот, откако вчера натпреварот меѓу Палмеирас и Ал-Ахли беше привремено стопиран поради слични временски неприлики.